гостински (прид.) - соба (имн.)

Рипнав и гледав нешто необично. Баба ми ме ставила во гостинската соба на една рогозина, половина ја размотала а со другата како ролна ме покрила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мојата теорија се потврди и кога седевме сите во гостинската соба и пиевме кафе.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Нѐ воведе во една гостинска соба, бела ко јајце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во просторијата (според распоредот на мебелот, сликите по ѕидовите, цвеќето во саксиите се работи за гостинска соба) е скоро жешко, но насетувам, не само поради огнот кој татни во печката, дека ноќта е вагнеријански бурна.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
РЕВШИН: Вие седете си во гостинската соба и бидете спокојна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во гостинската соба на манастирскиот конак седнал Петре, навален со едната рака на прозорчето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На долниот спрат од куќата беше собата на баба и дедо, гостинската соба, големата трпезарија и кујните.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тенџерињата и тавите што блескаа, чиниите што беа сместени во шпајзот за порцелан, редиците чаши што беа на полиците, сите предмети во кујната, во трпезаријата и во гостинската соба, изгледаа како да знаат дека се сместени таму затоа што Кети сакала да бидат таму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)