Ги заборавивме, ја заборавивме нивната крв; ние, крвта на нивната крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се стресов и му реков дека о наградите имам многу горчливи искуства, сиреч со сите награди, па го замолив секретарот да притаи додека, конечно, не се објави Признанието.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но егзархијата, којашто вие уште од почетокот ја гледавте накриво, ви го попречи патот за емиграција, којашто вие ја експлоатирате уште од 1862 година па досега, по долго и горчливо искуство, ве прапозна кои сте и какви сте; а бугарскиот народ, кого вие го лажевте уште од почетокот на своето ослободување, ги одврати од вас очите откако ги одврати и своите надеж.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)