Ќе те гледам како горска самовила.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
За нив сите знаеја, и христијаните и Турците, дека носат оружје со себе, дека се во дослух со горските самовили и духови и, воопшто, со дивината според чии недофатливи закони честопати и се однесуваа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По старата несреќа, на овој Петковден дојде од Чаништа на гости стариот Богдан Сирмев од Старавина со својата внука Анѓа, која веќе ги беше наполнила осумнаесетте години и се разубавила како горска самовила.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
- Сполај му на Бога, не си горска самовила.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Пелистерски темјанушки - му рече - никнати од солзите на горската самовила.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)