Извонредната методолошка самосвест, философската дистанцираност, усетот за правење значајни терминолошки дистинкции, богатството од обработена литература и цврстото аргументирање на сопствените тези се главни одлики на ова дело кое далеку го надминува нивото на еден магистерски труд.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Старова цели и погаѓа токму во сржта на овие горливи прашања: до каде е Балканот, од каде почнува светот, и зарем не е таа имагинарна интелектуална дистинкција на Големиот Сјаен Свет и Малиот Темен Балкан само проекција на нечистата колонијална совест на Европа и светот?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Идејата на двата лика да направат мал речник на турцизми кои трајно ја запечатиле трагичната судбина на балканските народи, влијаејќи на нивниот менталитет, иако наликува на наивизмот со кој навидум Хермоген и Кратил кај Сократ расправаат за вистинитоста на имињата, станува магистрална филозофска идеја на овој одличен роман.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од друга страна, дискурзивно пишуваната философија воопшто не е погодна да ги артикулира горливите прашања на времето, нејзината рефлексија не ги допира акутните проблеми.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Литературата, според него, се експонира автентично само во тоталната солидарност со граничните прашања на егзистирањето.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)