горен (прид.) - страна (имн.)

Навистина, во ѕидот што ја оградуваше Дупка од горна страна, од кај шумата и од кај дивината, имаше вградено едно четириаголно куќиче кое однатре беше сето исчадено и на чии ѕидови имаше остатоци од црвени и модри бои.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од горна страна на срецелото можеме да си соѕидаме и општина и училиште, вели Костантин Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Општината и училиштето ќе бидат овдека изградени, на долните падини на Горник и од горна страна на срецелото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се протина помеѓу авлиите, од горна страна, на Јанчевци Крстевци и, од долна, на Јанчевци Николовци па одејќи само покрај источниот ѕид на имотот, односно само по подножјата на Зедница, кај Бел Камен ја напушта населбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше еден долгнавест кафез од жица, со рачка на горната страна, за да може да се носи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Раката му лежеше врз еден бројчаник со рачка на горната страна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја преградија шталата со големи трупци, делот за луѓе беше на горната страна, а во долната стоката спиеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Јас не плачам за бавчите, Милан.“ Таа сега липаше, и си ги избриша солзите со удари од горната страна на раката.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зад него, наспроти задната страна на училиштето и на горната страна попреку, имаше висок ѕид целиот обраснат со густи капиње.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога излезе од уличката, сега на горната страна, погледна в лево и в десно и бидејќи пак никого не виде – возбудено се врати во својата соба кај Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Привилегија беше да добиеш „беби системче“ во дланката од горната страна зашто така можеш да ја движиш раката, да си ја подместиш перницата и да читаш книга... дури научив и да плетам, со иглата в рака додека сестра Лиле и Зоре ме боцкаа, а најдобро, речиси безболно, тоа го правеше Стојанка од шок-соба, но таа доаѓаше кога другите се откажуваа по неколку неуспешни обиди.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не е познато кој беше тој Колумбо кој што прв се сети да ја изрежи горната страна на лименката и после да ја користи за чување на моливчиња и џиџи-миџи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Наеднаш, некаде сосем близу до колибата, од горната страна, чу уште еден виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури и двапати свика: „Еј, зарем не ви се чини дека горната страна е многу истранета“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или она: „Може да се свлече, и да се лизне преку штицата!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одеднаш подигна глава, сврте опуљ кон горната страна на Прењес и низ липот прошепоти: - Свијокот, онаму горе, - покажува со рака - го гледате?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Камионите набираа брзина, кркореа на кривините, а ние, стоејќи, викавме и плачевме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Секој проматар, како што од нив бараше Брчалото, мораше својата пластична простирка да ја постели на горната страна крај плетот што ја оградуваше нивата на Митрета Маторицата, така што проматарите да не бидат распласнати кој каде ќе стигне, туку да бидат во еден ред како под конец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа секогаш толку точно во исто време ги истеруваше воловите на пасење, така што секоб утро со сонцето се пресретнуваше штом излезеше на горната страна од орманот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Покрај куќарката, на горната страна, имаше едно фурниште колку половина од куќарката, со покривот пропаднат внатре, целото обраснато во скреби во коишто живееше најдолгиот и најдебел смок што воопшто некој брезничанец во својот живот го имаше видено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)