горен (прид.) - вилица (имн.)

Потоа ректален преглед, па ЕКГ и анализа на урината. Па тестови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ХЕРЦОГ: А што ако е педантен, циничен Германец со два демонски заба на горната вилица?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Прво ме премери вклучувајќи ги прстите, горната вилица, черепот, пенисот и усната школка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И енергично, додека горната вилица со модрикави заби му се ниша, додава: - Јас ќе играм. Публиката бара.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Му вметнаа голема протеза што му ја одвојуваше усната шуплина од носната, за да може да зборува и да јаде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога се врати во Виена му беше дијагностициран канцер, во октомври таа година му извршија две операции, во ноември уште една, му ги отстранија поддолновиличните жлезди, му ги извадија горната вилица и непцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отец Симеон ги откри скоро сите свои заби на горната вилица.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)