голем (прид.) - шарен (прид.)

Голем шарен пес ги пресретна на сред двор, залаа и почна да ја врти опашката во знак на одамнешно познанство.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека во спалната го бришеше со големиот шарен пешкир, купен во Бугарија (зимата `91, кога Светлана забремени), Борјан покажа кон нивната заедничка фотографија на ѕидот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тоа почна да расте и се претвори во убав голем шарен коњ.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)