голем (прид.) - црн (прид.)

Кој мариовец носи волкава брада? — и му се обрна на Тодора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се наведе пред него, го фати за големата црна брада и почна да му ја тресе главата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фимка за миг откина лице и одново се загледа во големите црни очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Ако случајно го побараат, ќе им најдам друго“, си рече најпосле, тресејќи ја во контејнер големата црна ќеса, и завршувајќи ја втората смена.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Засега на првите, - рече таа и благо се насмевна со големите црни добри очи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таксистот, пак, за чудо, осети потреба да продолжи: - Извинете, да не сте Вие од Куманово?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ај одвези ме до Театар – откако седна, крупниот човек со патец на сред залижана коса, го заклопи големиот црн чадор и внимателно ја затвори вратата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Јас бев пред една црвена куќичка со голема црна табла.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Имаше“, рече. „Имаше голем мозаик, со голем црн пајак, среде раскошна мрежа“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Над Водно се таложеше сив облак, голема црна мачка што полека лази кон улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бродовите беа големите, променливи украси на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Напред колоната јаваше на зелен арапски коњ прилепскиот кадија и беглер-беј Арслан ефендија, средновечен човек на 40-45 години, строен Турчин, со одвај пробелени брада и коса, живи големи црни очи, долги засукани мустаќи, широко чело и плеќи, малку покус врат, добро угоен, богато облечен по ориенталски, со голем турбан на главата и сребрени пиштоли за појасот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не ми се прибираше баш, бидејќи не бевме веќе толку гладни...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Среде собата, последните петнаесетина дена, остануваше само Плејел-от, голем црн, монументален...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Жед во нивните суви муцки, пожар во нивните мокри утроби, Земјо голема црна жед на гранките врзува плод.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Направија еден голем црн облак кој со својата сенка го покри речиси целиот град.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На него имаше голем црн печат, со многу јасно видлив монограм Д., и беше адресирано, со ситен женски ракопис, до Д., до министерот лично.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На Татко мигум му се разведри лицето, му се опуш­тија големите црни веѓи, слезе од чунот и ја бакна Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Над неа се кревал голем црн облак кој сѐ повеќе растел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)