голем (прид.) - цивилизациски (прид.)

Па и големиот цивилизациски експеримент - комунизмот, исто така не успеа ни малку да ги амортизира хтонските племенски инстикти, напротив, сведоци сме на едно страотно ретроактивно дејствие на национализмот како резултат на големите механизми на потискање и фрустрации произлезени од ригидното комунистичко еманципирање на националното во однос на универзалното или интернационалното.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И така претседателот Франсоа Митеран на последната средба со Бургиба, му префрлува на стариот волк дека земјата, и покрај тоа што оствари голем цивилизациски и економски напредок, создаде високи технократски елити кои успешно комуницираат со европските институции, посебно со француските, меѓутоа земјата уште повеќе би напредувала доколку и реално во неа заживее мултипартиската демократија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но таквата судбина на Балканот му донесе жива културна разноликост и голем цивилизациски потенцијал?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, сепак, примерот на Иберискиот не беше следен и на Балканскиот Полуостров! дополни Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)