голем (прид.) - турски (прид.)

Уште баба, од големото турското кадиско семејство од Прилеп, кога како невеста дошла да си ја врзе судбата за новото семејство,во градот крај Езерото, носела јоргованово стебленце за расад, во времето кога нејзинита најблиски, татко и мајка, браќа и сестри, заминувале засекогаш во Цариград.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кајмакамот пишуваше: „Од мене, прилепскиот кајмакам, Салиефенди до тебе стари пријателе Арсланбеј поздрав и молитва да ти го чува алах здравјето, главата и власта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оди со здравје и носи многу поздрави на вашиот Истанбул – го испрати прилепскиот кадија првиот гласник лично до силниот султан Сулејмана со тешко обвинување против мариовските бунтовници што подигаат бунт во срцето на големата турска империја, кога таа беше на највисоката точка од својата сила, од која се тресеше цел свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повели, седни... и... еве читај, —го покани бегот својот заштитник, командирот на оружаната сила што беше пратена да го варди уќуматот — царската власт во овој најзафрлен дел од големата турска царштина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му го посветувам на Владимир Георгиевски Среќен беше Сликарот, професорот по Убави уметности од Скопје, што го диши воздухот на Истанбул (некогашната престолнина на големата турска империја).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)