голем (прид.) - трговски (прид.)

Јавниот простор и јавниот живот во градот се „или комодифицирани, банкротирани, или воопшто не постојат“117, што има штетни ефекти врз демократијата и слободата. 117 Margaret Crawford, “Contesting the Public Realm,” Journal of Architectural Education 49 (1995): 5. 100
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Голем трговски центар, а во неговата длабина, малечко рок-кафе со натпис: Само вечерва! Текила - 30 денари; Голема ретро забава...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Приватизацијата на јавниот простор и сеприсутноста на рекламите го трансформираат градот во еден голем трговски центар: шопингот стана „доминантен модус на современиот јавен живот“118.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Среде градот е сместена голема трговска куќа со безброј катови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе бегаш кога ќе ги препознаеш, додека меѓу луѓето во голем трговски центар, со отворена здравствена легитимација и стари истуткани резултати ќе просиш за лекови...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)