голем (прид.) - сликарски (прид.)

Нејзиниот килим има повеќе јазли од килимите на многу други ткајачи, оти прстите на Миру се многу тенки и нежни, а и обдарена е со голем сликарски талент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во таа шарба од зелени нијанси се оцртуваше само една женска прилика во бел фустан и се чинеше како сето тоа да е едно големо сликарско платно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неколкуте мига што ги минав со младиот македонски сликар Лемо Димитровски поодблизу ме запозна со животот на сликарската колонија на малата плоштатка на „Монмартр“, која во моментот беше трансформирана во големо сликарско ателје под отворено небо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во оваа прилика би сакале да посочиме и на уште еден македонски уметник кој во сферата на ликовното творештво е некаков тип на "манирист", но и многу повеќе од тоа, што фино го покажува и изложбата "9 1/2" во МСУ, кадешто делата на Ацо Станковски (за него станува збор), со својата "моќ за комбинирање" и со големата сликарска вештина (толку нетипична за нашиве простори) оставија апсолутно супериорен впечаток.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)