голем (прид.) - празен (прид.)

Страниците го џвакаат Останатото време, постелата Е празна, доаѓаат симболи За препознавање на гладот Спуштена е бесилката Голема празна нула, главата Е пресликана во последната Глава на книгата Беспрекорната историја На пишувањето, архивата Од внимателно одгледани Самогласки станува шифра
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Додека видот одново му се изоструваше, тој се сети кој е и каде се наоѓа и го препозна лицето што гледаше во неговото; но некаде во неговата глава постоеше голем празен простор, како да му е извадено парче од мозокот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
сцената на телевизорот веројатно од некој филм ме воведува во големата празна сала со свеќи- издолжените пламени се извиваат во фигури на вити танчери- сосем близу-
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Калкуланти, бедници, лицемери, кулоарски вошки што ги грицкаат театарските завеси, лешинари на празнината кои никогаш ништо друго и не правеле освен што го одржувале бесмислениот празен оган на големата празна празнина, на чие што дно ко во некоја инка/црна дупка, ко талог, трепериме и ги слушаме нивните мегафонски ступидарии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се наоѓаше во средината на некаква голема празна рамнина, една рамна пустелија натопена со сончева светлина, преку која сите звуци допираа до него како од огромна далечина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напевно звучниот глас на Глигор ечеше во него како во голема празна сала.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)