голем (прид.) - политички (прид.)

Маклабас беше и пародија - но и критика - на некои аспекти на балканскиот човек, кој во тие времиња (а и ден денес) беше соочен со големи политички, социјални и културни проблеми.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таквата активност придонела за поголема мобилизација на населението во единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Европа и Америка се во голема политичка и економска криза, владее беда, сиромаштија, безработица!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Историјата на балканските ослободителни движења учи дека балканските народи (Срби, Грци, Бугари) успеале да се ослободат од османската власт во време на големи политички превирања во Европа во кои учествувала и Турција и со помош на големите сили, особено на Русија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
При крајот на 1943 на слободната територија на Македонија членовите на КПМ и организациите: Народноослободителниот фронт, Антифашистичкиот фронт на жените и НОМСМ развиле голема политичка активност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)