голем (прид.) - меѓународен (прид.)

Татко уште во младоста, кога го совлада францускиот јазик, дојде до книгата на Фаик Коница, пишувана под псевдонимот Пирус Бардхули (Pyrrhus Bardhyli), Essai pour les langues naturelles et les langues artificieles, (Брисел, 1903), со која сакаше да им зададе конечен удар на есперантистите и на другите приврзаници на вештачките јазици во големата меѓународна полемика, поддржан од Реми де Гурмон и Гијом Аполинер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во Париз се одржуваат последните сесии на разрешената историја, големите меѓународни конференции со кои се означува мирот по светските судири, големите војни кои доведоа до падот на колонијализмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Отсега натаму секоја година во него ќе се одржува големиот меѓународен Пловдивски велесаем, кој порано се организираше со периодични прекини.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде беа задржани епохи, гравирани во меморијата на бронзата, каменот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)