голем (прид.) - малечок (прид.)

- Ќе ти појаснам – продолжи Хорацио Цвикало. – Разликата меѓу големиот малечок човек, замисли го на пример амбасадорот на Америка, Русија или Франција во нашава држава – имаш чест да се запознаеш со нив преку ТВ екраните, и малечкиот голем човек, некој што можеби си го возел во ова такси, не сфаќај ме суетно, не мислам на себе, значи разликата меѓу едниот и другиот е, просто кажано, во начинот како го решиле судирот меѓу личната духовна конституција и она што се нарекува судбина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што по нашки би значело нешто како... Моќите на сонот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)