голем (прид.) - македонски (прид.)

Оттука западната граница тргнува по Кораб Планина и стигнува до реката Црн Дрим кај Дебар; натаму границата оди по вододелот на Јабланица и Мокра и помеѓу вододелот на големите македонски езера Охридско и Преспанско од една страна и од друга, помеѓу Корчанската котлина. Натаму оди по Грамос и Пинд.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Големиот македонски поет,Тодоровски, песната во која ја оплакува загубата на најголемиот заљубеник во Македонија, Гоце Делчев, ја почнува со стихот: „Така му било пишано: гробот да си го сони!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во однос на обединувањето на Македонија се потенцирала нивната подготвеност за прифаќање и одобрување на формирање на македонската држава во рамките на Федеративна Југославија, но дека тие со сите расположливи средства би се спротивставиле на формирањето на „голема македонска држава која има аспирации на грчки територии“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ad patres, ad patres Има еден коњ, скока од рид на рид и од век во век, ноќем вишти под ѕвездите на Азија, утринум гребе, раскопува, ги буди оние на чии бедра вземи сè уште болскотат нивните сјајни мечови и го раздиплува големото македонско писмо - како единствена насока на Европа кон Исток.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И по долг пат би можел да кажам дека глаголот во песната е проколнато нешто, тоа се брутовите кои го држат распнато телото на песната врз крстот на времето.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Веројатно затоа Светите солунски браќа Кирил и Методиј па и нивниот претходник големиот македонски и сесловенски просветител, историчар и поет Трп Руен, и големиот македонски и сесловенски просветител, научник, преведувач и основач на Охридскиот Универзитет Климент Охридски, ги користеле како извор ( птототип) за составување на средновековните македонски азбуки: руеницата, глаголицата и кирилицата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Есента 1915 била формирана XI македонска дивизија со 33.046 Македонци, а исто така голем дел се нашле и во диверзантските чети на Тодор Александров.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бугарија која се спремала за “ослободување” на Македонија извршила најголема мобилизација во делот на Македонија под Бугарија и од големата македонска емиграција во Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И за Македонија биле експлицитни, максимумот што можеле да го добијат Македонците бил федерална Македонија во рамките на федеративна Југославија и дека со сите достапни средства би се спротивставиле на формирањето "голема македонска држава, која има аспирации кон грчки територии".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, исто така, Меклин го исвестил Тито дека Британците, од своја страна, ѝ го оспоруваат правото на Бугарската влада да ѝ трансферира бугарски територии на федерална Македонија без одобрение од Обединетите нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како што ми кажуваше подоцна уште од првиот прочит решил како учебни помагала да му послужат Времето на козите и збирката песни Дождови од големиот македонски поет Матеја Матевски.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)