голем (прид.) - историски (прид.)

Само ме чуди фактот што нема ниту една статуа на некој голем историски херој.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во големиот историски архив во Монастир, не успеав да најдам ништо што би ме водело во тој правец.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ние сметавме дека оваа поделба претставува голема историска неправда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тунискиот претседател веднаш прифатил: Во 1974 година, вашата организација прифати еден план за поделба на мојата земја, Палестина, меѓу Евреите и нас.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Макар што книгите на Сталин и за него, а ги имаше многу, по големиот историски судир по­меѓу Тито и Сталин, кај нас се палеа, отстрануваа, а луѓето што ги поседуваа се прогонуваа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се обидуваше во првите страници на својот голем историски запис да трага по посебностите на балканскиот релјеф, кој видно се одразуваше врз менталниот. И имаше зошто!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај големите историски и општествени промени на условите на машкиот геј-живот што се случиле во изминативе педесет години, геј-децата и понатаму растат во стрејт-свет, стрејт-културата и понатаму и понатаму им е многу важна, а машката геј-култура сѐ уште функционира – и, впрочем, се развива – преку метафорично или фигуративно читање на стрејт-културата: преку нејзино преусвојување кое е и отпор кон неа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)