голем (прид.) - земјен (прид.)

Штом излегов од пивницата чув зад себе некое свиркање и се зачудив, се свртев, а пред мене излезе она старче со големиот земјен сад со пиво.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од предната страна на зградата, на терасата што продолжуваше на осум столбови над реката, во големи земјени ќупови беа посадени леандри кои во првите зимски денови газдата Таки Ников ги собираше во стаклениот цвеќарник што беше придодаден на зградата од страната на Камениот мост.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Котевица го извади котлето со прав што се затоплуваше, тури во еден голем земјен мисур и го стави во огништето пред тојцата мажи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)