голем (прид.) - зелен (прид.)

Долетала од негде една голема зелена мува и бр-р-рр, вр-р-р, се вртка околу маченцето, му лази по устата, сака да му се пикне во очите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Четвороаголното претсобје беше наместено како дневна соба, со кауч, две фотељи, изразито гломазни и четворна, сниска, прилично просторна маса прекриена со наштиркано бело милје и една голема зелена стаклена чинија полна со домашни ситници за да ѝ бидат при рака на домаќинката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но тоа не беше така и со човекот со големи зелени крилја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ја отвори едната дланка и ми подаде сребрен прстен со голем зелен камен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш порано не бев го видел толку искривен и шашлив од грижи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Варна никогаш не може да се замисли ако се оддели од своите големи туристички комплески - „Златните песоци“ кои се, речиси, нејзин составен дел и по чија должина на дваесетина километрисе шири една песоча плажа и над неа голем зелен појас од разновидни дрвја и цветни алеи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вујко Ејнар се разбудил. Шаторот за логорување се распрострел зад него како голема зелена лепеза.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)