Низ дупката се протнува голем дрвен колец.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Единствено место од кое можеше да се влезе во пространиот двор беше големата дрвена порта.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Термос кафе- паузата ги орасположи па и не почувствуваа кога влегоа во селото и застанаа пред една голема дрвена порта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Среде мостот, во сарајот имаше голема дрвена врата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Неговото име сега се запиша врз портата од северната страна, џамијата што народот сега ја викаше „шарена”, по негова наредба доби уште многу разнобојни плочки дури и на турбето, па и голема дрвена врата на западната страна, целата искитена со источнички шари.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Лево на ѕидот е прикачена икона на св. Никола, пред која виси кандило, а негде понатаму голем дрвен солник, низалки суви пиперки и друго.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
КАТА: (Ѝ ја подава кутијата од кафе, дупла кутија кафе и шеќер, и голема дрвена лажица, со какви што се служат). Повели, мамо.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Според неа арно прави Пелагија што се здушила со Господ, ама не чини што не може во *ана да го напика Господ или исушениот Исус Христос онака закован на големиот дрвен крст, а и во малечкиов суртук со голата лејка што не се прибира со мракови!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Нејзината Деспина, потаму, над големиот дрвен сандак силно ја стискаше Пеличка во својата прегратка, чиниш во себе сака да ја стопи.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тука, велам, беше големата дрвена порта, од внатре затворана со дебел лост, зад неа дворот, таму беше фурната, ваму скалите што водеа до вториот кат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)