голем (прид.) - дневен (прид.)

Тој ги редеше своите книги во регалите во целиот простор на големата дневна соба во својот дом во центарот на градот, според азбучниот ред на авторите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го гледавме Сталина на сликата крај онаа на Тито, над нашите креветчиња, во големата дневна соба што ни служеше како спална.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа дава една вербална клоака која глатко тече, со убаво срочени реченици, и ситна, безопасна досетка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со него се полни колоните на утринското издание на еден голем дневен весник, кој себе си ласка дека има новинари коишто добро пишуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Си играв со дрвени, шарени коцки по мекиот, персиски тепих во големата дневна соба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)