голем (прид.) - грчки (прид.)

Таква држава не може да егзистира без нејзиниот природен главен град Солун; и Грција нема доброволно да го отстапи тој голем грчки град, а ниту Македонските Грци би прифатиле да бидат одделени од Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И сега, замисли, невеста од барака (ќарена за време на земјотрес) со теписон, покриен со черга по дијагонала (од практични причини) и тросед обвиткан со најлон и захефтан со патенти како од филмот „Големата грчка свадба“ (од хигиенски причини), од една страна... и младоженец што живее во државен стан, послан со „персијанер“ и мебел од оние 15,16 ЛУЈ, од друга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште повеќе, тоа би ја изолирало грчка Тракија од другиот дел на Грција и може да ги стимулира бугарските, македонските и можеби турските претензии кон таа провинција".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Размислував дали да застанам зашто од добронамерници бевме предупредени дека има качаци кои со закана на пиштол тераат да ги возиш на југ до некој од големите грчки градови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)