голем (прид.) - германски (прид.)

Исто како што равенките на големите германски филозофи, Ајнштајн, Хајзенберг и Планк ги сведоа Њутновите закони на ограничена употреба и ја растворија тврдата, молекуларно-атомска материја во бранови на електронската информација, Џојс и Пинчон и Бароуз ја разбија, со ласерска прецизност, граматичката структура и семантичката машинерија на стариот, класичен јазик на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А на бреговите на оваа река големиот германски поет Хајнрих Хајне ја испеал многу познатата песна „Лорелај“, инапириран од народната легенда за една самовила, која со својата убавина ги омаѓосувала сите што ја гледале.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Преносливоста ја заменува раритетноста Во согласност со големиот германски филозоф Волтер Бенјамин, „Автентичноста на нешто е суштината на сè она што е преносливо од почетното појавување, од самостојното траење...до историјата што ја има доживеано.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сексолозите од деветнаесеттиот век, секако, биле изразито против истополовото сексуално однесување, но таквото однесување, иако очигледно девијантно, само по себе не претставувало непогрешлив знак за сексуална различност,46 дури ни според големиот германски авторитет за сексуалната перверзија, Рихард фон Крафт-Ебинг, кој „перверзијата на сексуалниот инстинкт“ внимателно ја разграничил од „перверзноста на сексуалниот чин“.47
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)