голем (прид.) - бел (прид.)

Сето тоа ја надлетува сцената во вид на прекрасна голема бела птица, во непознат облик.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Бргу го сопреа два големи бункери, како големи бели очи на ридот, кои ми ја упатуваа последната закана: никогаш повеќе да не се враќам во родната земја зашто, во спротивно, ќе пукаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тие топли души, обвиени со црна кожа, полудуваа по големиот бел газ на Лилица, ѝ го полеваа со жолт, тегав пијалок, го викаа слајхи, ја лижеа, ја касаа, ја штипеа, ја кинеа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога се потсетувам на ќесето со каменчињата и другите свети предмети донесени од Божји Гроб, пред очи ми е голема бела школка низ која, како што ми велеше баба, ако го допреш увото до устинката, ќе ги слушнеш морските далги.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го гледаа езерото како на дланка, воодушевувајќи се на неговата убавина: наутро сонцето го отвораше како голем бел цвет, врамен со зеленило; тоа треперејќи на благото ветренце - се доразвиваше; кружеа галебите над него спуштајќи се да го допрат со крилјата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Тој човек беше единствениот војник од планинава кој без да води војна си го донесе дома се она со што бил задолжен во 23от пешачки полк.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А неколкумина од луѓето што работеа во дуќаните во гратчето дури и пораснат ме прашуваа дали знам што се случило со големиот бел коњ на кој мажот на мајка ми избегал од војната?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ја фативме големата бела квака и ја повлековме тешката врата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Далеку од пристаништето, на отворено море, повеќе од една недела стоеше еден голем бел брод. Велеа дека е романски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можеби само Јасер Арафат беше исклучокот. Тој веруваше во воскреснувањето од падовите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И додека пред три години го гледав во далечината приближувањето на Галеб, тој во далечината ми се виде токму како птица, која доближувајќи се до брегот ги шири своите крилја, се престорува во лаѓа, па во голем бел брод.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бургиба си имаше обичај да ги следи седниците на парламентот, седнат на една голема бела фотелја, поместена меѓу говорницата и фотелјата на претседателот на парламентот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога ја виде џинот замавнал со сета сила и војниците ги претворил во големи бели камења.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Се паркиравме пред една голема бела куќа на два ката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Носеше црвени тренерки и црвени патики. На левата рака имаше огромен спортски рачен часовник. Му се насмевна со големите бели заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Усните ги растегна во огромна, широка насмевка, при што ѝ се видоа големите бели заби како плочки за бања, а потоа се плесна со раката по челото и викна: - Лааа!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба ѝ на Дора стоеше веднаш до портата, па Дора дотрча до неа и ја потегна за ракав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Доаѓаше од правецот на ходникот, каде што беше тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пред куќата на Ане имаше некој голем бел автомобил со црвен крст на него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Влезе в село и по патот пред продавницата како стрела помина голем бел автомобил со двајца луѓе во него, еден - шоферот, и другиот - патникот... ...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Седнав на големиот бел камен и се загледав угоре.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Цело време си во четврта брзина и моторот работи како маче, голема бела мачка со ѕвезда на мустаќите.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Водата во изворчето беше преградена со голем бел делкан камен.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На главата имаше голема бела чалма, очите убави помалку заматени и страшни, а брадата му ги покриваше градите дополу.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ми помогна да сфатам дека се наоѓаме веќе во Пицеријата и дека најсетне можам да ја видам Ана како насмевната ни понудува во големите бели чинии барем дел од себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
При патувањето во Италија, од времето на првиот каталог на Ла Ринашенте, од 1939 година, значи само една година пред тоа, си купив голем бел порцелански сервис, со сини ѕвездички, за дванаесет души.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Да“, рече, со длабок глас, „да, се разбира. Кога резултатите ќе бидат готови.“ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 159
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Една ноќ, додека лежевме испреплетени во големата бела тврдина на нејзиниот кревет, ја симнав пластичната капуљача и ја прашав дали било кога ќе ми верува толку за да водиме љубов на начин познат со столетија, сирово и незаштитено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа се извлече од својата обвивка и погледна настрана нудејќи ми го својот извонреден благороднички профил.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)