голем (прид.) - балкански (прид.)

И кога големите балкански писатели кои ги читаа Татко и Камилски најчесто не наоѓајќи хармоничен излез од историјата завршуваа најчесто со еуфемизмот: Проклет е Балканот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На повидок беше едно големо балканско пријателство од поврзувањето на судбините на книгите на Татко и Климент Камилски...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Турските заемки стануваа стапици каде требаше нешто да земат, а без да бидат земени самите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LIV Татко и Камилски, колку и да чувствуваа некакво задоволство од тоа што нивниот проект се наоѓаше при крај, имајќи доволно избрани заемки за да ја состават конечно листата на (без)опасните турцизми, не ги напушташе заедничкото чувство што не си го признаваа еден на друг дека можеби станале заложници на уште една лажна идеја, чии жртви обично стануваа големите балкански автодидакти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Границата се креваше како дел на големиот балкански ѕид. Ни птица да го надлета.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татковата лабораторија на големите балкански идеи, неговата подвижна егзилска библиотека, ми беше оставена во наследство со сите тајни, со татковиот дух запрен на страниците на неговите книги, што требаше да се прелистаат и толкуваат според оставениот распоред.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И така, Мајка мина од другата страна на балканската граница, го мина големиот балкански ѕид... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татковиот проект, во кој секој балкански народ би бил посебно претставен, заврши како што завршуваше секоја илузија на големите балкански автодидакти, поради големите празнини во историјата на нивните народи, во недостиг на институциите кои би го бележеле, континуирано, нивното сеќавање, како очајнички монументален подвиг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)