голем (прид.) - љубопитство (имн.)

На кејот огромна маса народ со големо љубопитство ја гледал илуминацијата којашто од морската шир го осветлувала градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Велеше: „Мојот прапрапрадедо, махараџата Раџнапур во 1521 год. со караван од камили, натоварени со индиска свила и со големо љубопитство во срцето, со царска придружба, тргнал од далечна земја за Виена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ВАГАБУНДОВА: Со големо љубопитство очекувам новини!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Типично за тој временски слободњак е што тој ги комбинира храброста со големото љубопитство, и со крајното самопочитување.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас ѝ раскажував на тета сѐ за моите девојки, за тепачката кај Чешмиче, за мојот необичен другар Абраш, а таа внимателно и со многу големо љубопитство ме слушаше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овие три таленти се неопходни за оние што се занимаваат со генетското водство, филозофите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)