голем (прид.) - љубител (имн.)

За судија на борбата Мустафа ефенди го одреди прилепскиот кадија Абдурахим Али.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, се сврте наврапито спрема Максима, но Мустафа ефенди, како и сите Турци голем љубител на борењето, рече Јас ставам две лири на нашинецов и веќе немаше кој да одречи да нема борење помеѓу нив, помеѓу Лазора Перуноски од Потковицата и Иса од Кичевско: Мустафа ефенди го испрати протуѓерот да ја разгласи борбата за точно напладне во Али чаир па сите заедно слегоа во дворот на општината за да ги состават борачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Исто така бевме и големи љубители на LSD, така што често муралите што ги плескавме ги ширеа и отвараа ѕидовите, а публиката на нашите перформанси се претвараше во кокошки, зајци и мали сиви полски глувци. Беше забавно.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Милчо беше (а верувам дека е и сега) голем љубител на делото на Џозеф Бојс и сакаше да направи нешто околу тоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој нивни зет иако обичен градежен техничар по образование, беше голем љубител на француската култура и јазик и нивните деца најпрвин прозбореа француски.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Притоа сензуално и шармантно ги напрчува усните, и одеднаш ме тера да помислам дека кутриот Пјотр Лисицки, засекогаш исчезнат во непрегледните белини во Сибир, бил познат како голем љубител на жените, мераклија, што во случај, гледано од генетски аспект, сепак не е податок за фрлање.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Геј-идентитетската етикета ми овозможува општествено да се претставувам без да посегнувам по погрден и на друг начин загаден психолошки, теолошки, криминолошки, социолошки, сексолошки, медицински и морален јазик („первертит“, „содомит“, „сексуален зависник“, „психопат“, „хомосексуалец“). ‌Ни самиот, признавам, не бев отсекогаш голем љубител на поимот „геј“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, верувам во јасниот говор и голем љубител сум на вистината во рекламирањето.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Па затоа збеснуваат кога дождот ќе прекине Некој меч на тенискиот турнир во Вимблдон Има да го види Господ тој Господ кој би пуштил дожд Кога вимблдонскиот турнир би се играл во нивните локални царства Божемипрости дури прднат диктаторчињата Лично Господ ќе мора да го пренасочи дождот Што им го прекинува ќеифот а големите љубители на тенисот Распашани на самите врвови среде малите нации Меѓу два сона како меѓу два тениски сета Јас понекогаш и ќе зјапнам онака отсустно во небото И бргу-бргу сама строго ќе се прекорам За тоа ли отворав очи за да зјапам во кукубарите А нема кукубара којашто нема да ти украде ќебапче Од распламтената скара во дворот Како што нема чавка која нема да ти се посере на ќелавицата И уште да те мавтосува дека тоа ќе ти донело среќа Мижи Асан да ти бајам велат за тоа новодојденците од Македонија А јас самата си велам мижи си колку што можеш повеќе
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Такво нешто може да стори само голем љубител на водата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)