голем (прид.) - јунак (имн.)

Сум се замислувал како голем јунак, џин кој ја убива седмоглавата ламја и ја спасува кутрата кралска ќерка... Сешто!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Ние сите тука, по време, знаевме дека Дракче загинал во некоја борба во којашто се покажал за голем јунак. Така го кажуваа.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Што сте чуле? – прашува Зоки. - Па тоа, дека си бил голем јунак!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А мајчино клето срце радва ли се радва, че голем јунак е станал син ѝ за женење...
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Од заемките за лицата што вршеле разни воени и цивилни лица функции, Татко се одреди за следните зборови: аскер, војска и војник (од турски asker); бимбашија, заповедник на илјада војници, односно на еден табур (од турски binbаi); борозан, трубач (од турско-персиски borozen); гавазин, стрелец (од арапски kаvаѕ); заптија, стражар (од арапски zaptiye); левент, левен, голем јунак, делија, но и платен војник, наемник (од персиски levend); сејмен, сејменин, стражар, придружник (од персиски ѕе men), сераскер, главен командант (од турски serasker); суварија, коњаник (од персиски ѕvаri) и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше мошне рестриктивен во изборот на овие заемки зашто речиси сите, како и тие што следеа од областа на администрацијата, со падот на Османската Империја исчезнаа и во употребата во јазиците на новите балкански држави и во самата нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)