голем (прид.) - ѕид (имн.)

Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На големиот ѕид на чело на интернет кафето директен пренос од акцијата на видео бим. Гајби Битолско, газоза и пелистерка лајт.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Крај големиот ѕид, на највидното место, невестински ковчег, покриен со црвено-розе везмо на бел американ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тој час можеби сакав да избегам или да нацртам пред себе голем ѕид, но не го сторив ни едното ни другото туку најљубезно реков: - Еј, кроко, ситно око, ти носам ужина - “најубаво јадење за крокодилите“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Добарден, кроко, - весело викнав. - Како си?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Еве вака ќе го совладаме крокодилот, - гордо реков.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
На алките на неговите уши заѕвечеа многуте клучови на државната каса, во која чуваа шарени стакла, скршени огледалца, празни конзервени кутии и еден скршен молив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Или да нацртам околу него голем ѕид што никогаш не ќе може да го мине. Или...
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Црнците прашаа: - Окак? Тоа на нивен јазик значеше „како“ и јас веднаш нацртав крокодил и она што е најважно, а да не е ни пушка, ни топ, ни голем ѕид.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тој и Чанга, и свесно и несвесно, го креваа големиот ѕид околу тврдината со кози за да ги спасат козите и луѓето од претстојните организирани удари на партијата и на власта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Зошто? Зошто?“ „Кој би можел да рече дека еднаш, еден таков човек во токму таква машина од хартија и бамбус, нема да долета од небото и да фрли камења на Големиот Ѕид?“ запраша царот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во годината четиристота царот Јуан го обиколи својот престол со Големиот Ѕид. Земјата беше зелена од дождовите, наближуваше жетвата, мир владееше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Царот Јуан не се ни помрдна. Го гледаше Големиот Ѕид како исчезнува во оддалечените, замаглени ридови; таа величествена змија од камен што се извива долж целата земја, тој моќен ѕид што од дамнешни времиња ги штити од непријателските орди и им го осигурува мирот за неброени години.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Стоеше, гледајќи го низ полето Големиот Ѕид, мирниот град, зелените ливади, реките и потоците. Воздивна.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)