Не ќе биде голема штета.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
По посетата на градот ќе го извести Force 399 дека Скопје бил бомбардиран повеќепати и дека се направени големи штети на јавните згради и железничката станица и дека железничкиот мост преку реката Вардар бил уништен.283
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Од сите преброени факти се гледа големата штета за нас Македонците од тоа што ние, или барем мнозина од нас, ги изедначуваме досега нашите интереси со општобугарските.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако остане меѓу борците, голема штета ќе прави...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Скот: Потребна е вештина да се раниш без голема штета.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Секоја чест за дарбата и голема штета би било ако не издадете книга.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Гемиџиите, значи, однапред знаеле дека, фрлајќи ги овие бомби по солунските улици против полицијата и аскерот, на непријателот нема да му нанесат голема штета освен што ќе создадат паника во градот и услови да бидат убиени или да се самоубијат.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Според него, првиот проблем на Бугарија е да "ја ослободи земјата од нацистите", потоа тие сили би "вршеле други работи, кои се многу поважни".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓу другото, тој истакнал дека "народното движење го прави полесно решавањето на прашањето за границите" и дека "бугарските фашисти му направија голема штета на грчкото население".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ако пак е без тоа се погрчи, нема да ни биде од голема штета, бидејќи никој не му дава жена и нема да остави гркоманчиња.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
И Пјотр Илич Чајковски налетал ненадејно на својата таинствена дама-заштитничка, која цели тринаесет години треперела над него, грижејќи се за сите негови потреби, вклучително и оние најбанални и најсекојдневни, а не само за неговата музика; бидејќи композиторот и односната (грофица Надежда Филаретовна фон Мек) никогаш не се сретнале (на двапати случајно се нашле на исто место, меѓутоа молскавично избегале еден од друг!), морале да разменуваат многу писма зачувани се околу 1200...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Го правев токму спротивното: пишувајќи ти за маркизата од Пескара, за грофицата фон Мек или за Евелина Ханска јас се обидував да ја откривам, но и да ја дефинирам суштествената разлика помеѓу сите нив, од една, и Твојата суптилна француска заштитничка, од друга страна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Кога првпат ми ја спомна таинствената госпоѓа Лејбовиц, раскажувајќи ми (попатно) за необичноста на вашата двегодишна епистоларна врска, во текот на која разменивте повеќе од стотина писма (за жал, не си ги собрал сите; некои од нејзините очигледно недостасуваат, што е голема штета!), помислив: си имал среќа каква што ја имале и редица големи автори во историјата на уметностите, кои, по сплет на разни околности, налетале на некои умни и внимателни жени, кои се посветувале на нивното дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Јас би го одвел и во болниците, и во Сук... и секаде каде што имаме логори со бегалци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Кога влегоа внатре, од канцеларијата на командантот допираше гласот на Високиот: - Штета. Голема штета.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Разбојниците им нанесоа голема штета.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И со мала лага се прави голема штета.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тито и Хрушчов се изгушкаа. Простени беа греовите. А големата штета беше и остана наша.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А лагата тогаш ем беше голема, ем направи голема штета.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Главно биле ситни озборувачи кои со своето поткажување не им нанеле голема штета на други луѓе, некаков вид системски доушници чија што соработка била повеќе од автоматски тип, нешто како членство во пионерите или слично.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ако вечерва во огнот полета и некоја книга повеќе, нема да има толку голема штета како кога во огнот би била фрлена една премалку.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Луѓето брзо и лесно би ја откриле лагата, и славата на Чанга уште повеќе би се зголемила, а социјализмот и партијата би претрпеле големи штети.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Историјата не располага со други податоци за врагот, иако е голема штета тоа што не сме во можност да го следиме неговото движење од времето кога, по реставрацијата на Меиџи, пак дошол во Јапонија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А во мај излезе Јусуф од заробеништво како победник.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)