голем (прид.) - чудење (имн.)

И овој пораз кадијата го прими со големо чудење, но не се откажа од понатамошните напади.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А златово? Каде ќе најдеш ти кај нашите вакво богатство? – ѝ одговори Мигар со големо чудење што ги нарекува Анѓа свилата, кадифето и златото ѓубре.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И за големо чудење не го сонив Јона, туку некој непознат човек, непознат војник.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А славејчето, за големо чудење на целиот шумски свет, мошне неучтиво рече: - Нејќам! Ако ти е за песна, пеј си сам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)