голем (прид.) - чекор (имн.)

Насетуваше, го прави големиот чекор – но кон што, тоа сè уште не го знаеше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Чекаше еден ден да го стори големиот чекор, да се одвои со своето семејство, во друга куќа, во ветената куќа крај Езерото, но требаше да мине доволно време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш дојде со големи чекори од зад куќата див човек а со шепа држеше шепа на голо, збрчкано, пискотливо чудо: ситно и бушаво старче на долги гаќи, босо и со раменици на кои не можеше да се потпре ни петгодишно дете: на изгребаното лице со ретка брада подзинуваше и се склопуваше на рибји начин празна уста. Падна на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа беше голем чекор и според мене многу позитивен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
„Затоа жена му не нѐ поканува. А гладен сум, ми се спие.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)