Сестра ми се умилкува на еден голем цвет од тешкиот венец.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Големи цветови, мамат, корнат од својата миризба. Каква личбина!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Дреите спрострени на жолтото, како килибар песоче, десно од колјата, сигурно се потсушија веќе. Треба да се испрскаат. Водата и сонцето најарно ги белат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бело, бело, бело... Снегулките во лет. Сета земја личи на бел, голем цвет.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)