голем (прид.) - формат (имн.)

Во тој период многу работи ми се случуваа прв пат - првиот мирис на сликарско ателје, запознавањето со Ацо, Пепси, сликарство на голем формат, автостоп до Лондон, првиот џоинт... многу ми беа важни муабетите околу уметноста и филозофијата што често се развлечкуваа до разденување на пусти автобуски станици сред Бит-пазар или Козле.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Погледот мигум му го пленија светите книги Библијата, Куранот и Талмудот, потоа неколку енциклопедии и други книги од голем формат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во подготовка е богат каталог, а еден исцрпен КАТАЛОГ (600 стр.) со неговите асемблажи е објавен неодамна; собрана е една сеопфатна колекција на филмови и видео-материјали од акциите, инсталациите и предавањата што Бојс ги одржал.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Германските музеи се обидуваат да ги откупат релативно ретките дела од голем формат: Каселската нова галерија неодамна исплати повеќе од 10 милиони долари за една собна инсталација од 1976 год.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Првата самостојна изложба ја имав 1980, имав нешто повеќе од 20 години, изложив 30-тина платна во мал, среден и голем формат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Агна ја нашла малата фотографија во еден од старите албуми и решила, за да ме израдува, од неа да порача да се ископира голем формат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се разбира, не можев да знам дали е тоа истата ќеса и истите хартии од онаа средба пред подолго време или пак ми го враќа она издание голем формат со документи и патописи, покрај другото и оној извештај на Византиецот Теодор Метохит од тринаесеттиот век за пратеништвото на српскиот двор, што бев му го дал за читање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ја отворив книгата со тврди корици голем формат, и го најдов текстот под наслов „Маказар во патописите на Јохан Барт од 1858“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги помина сите, но не најде ни една што би го заинтересирала, но сепак му направи впечаток последната книга во картонската кутија што отскокнуваше со големиот формат и беше необично дебела.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Втората свеска од Дневникот, голем формат, од околу 200 страници, нападно озаглавена со црн туш како Без преживување нема уметност со распон на дати од почетокот на јануари 1951 па до средината на осмиот месец во 1953, ја одразува големата борба љубопитното дете да се осознае себе, да го совлада она што му го одзела војната, а во исто време да импрегнира толку многу настани, приказни, судбини што постепено ќе почнат да се преточуваат и во поинакви форми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Списанието беше од голем формат, речиси метар квадратен и беше вистинско чудо како неповредено по пошта стаса во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)