Ама ќе видиш - во дневната соба има прекрасна палма, голем фикус и два филадендрона“ воодушевено зборуваше Нина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)