голем (прид.) - успех (имн.)

Кога Бугарија со шум сакаше да го реши македонското прашање, водена за носот од македонската емиграција, Србија тихо, со голем успех работеше во Македонија наполно согласно со српската поговорка: „Тиха вода брег рони”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Научивме да се бориме како партизани, ја совладавме партизанската тактика и имавме големи успеси...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И, барем кога беа во прашање жените, настојувањата на Партијата имаа голем успех.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но интенционалистичката психологија, која не само што обезбедува едно вообичаено објаснување на разбирањето, туку и него го доведува во врска со целиот репертоар на нашите психолошки концепти - репертоар кој секојдневно го употребуваме со толку голем успех -претставува далеку подобро место за „ставање крај” на објаснувањето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова објаснување прави мистерија од она што некого го оспособува да го следи правилото, и тоа од оној вид кој ниту едно трпеливо истражување не би можело да ја реши: бидејќи, токму тука, како што ни беше кажано, на објаснувањето треба да му се стави крај.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Единствена стратегија која бебето-држава може со голем успех да ја остварува е што погласно да „плаче“ - да се рекламира. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 31
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Работев со Бен Хехт кој често ги консултираше славните психоаналитичари.” •Каква беше смислата на отворањето на вратата при првата прегратка на главните јунаци? •Хичкок: „Го замолив Бен да пронајде симбол во психијатријата што означува раѓање на љубов помеѓу мажот и жената, и тој ја пронајде вратата.” •Зошто за делот со сонот му се обративте на Салвадор Дали? •Хичкок:„Кога дојдовме до сцената со сонот, сакав потполно да прекинам со традицијата на филмските соништа кои обично беа магловити и нејасни, со екран што трепери итн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Овие фотографии беа репродуцирани како илустрации за реклама во весникот, фалејќи го измислениот лик „Редуко“ и гледачите многу добро можеа да ја видат оваа реклама како и мене лично кога Вилијем Бендикс ќе го рашири стариот весник кој го закачивме на бродот. Таа улога беше голем успех.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Приредбата се изведе со голем успех. Најпрвин говореше директорот, за големите успеси на училиштето откако тој стапил на таа функција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во своето интервју на дописникот на „Последни новости“ Ј. Аненков укажува дека драмата на Набоков може да биде играна во која и да е земја и на кој и да е јазик со еднакво голем успех.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како што “Ревизор” имал голем успех на руската сцена, така “Настан” имал голем успех на емигрантската сцена надвор од Русија.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не, драги Луан, пишувајќи Ти за овие неколку антологиски примери на допишување на уметниците и нивните трпеливи или емпатични поддржувачки (читателки, пријателки, сопатнички, собеседнички...), во ниту еден миг не ја заборавав Твојата Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И долгогодишната кореспонденција помеѓу Гете (Goethe) и вајмарската дама Шарлота фон Штајн (Charlotte von Stein), мажена госпоѓа со седум деца, ја доживеала својата драмска транспозиција: пред некои триесетина години германскиот драматичар Петер Хакс (Peter Hacks) напишал успешна монодрама со долг наслов Разговор во куќата Штајн за отсутниот господин Гете, која со голем успех се изведувала на многубројни европски сцени; во тие години на подем на таканареченото женско писмо, актерките просто уживале да ги екранизираат пустите машки мани на големиот светски класик...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се разбира, Ти тешко го прифаќаш нејзиниот радикален став: дека не сака да се занимава со ништо што би можело да ја оддалечува од онаа бартовска суштина на Твојата литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
За волја на вистината тоа е мекото ткиво на нашата земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не можев да ја разубедам со никакви мои големи успеси!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И нашата дипломатија, која постигнуваше големи успеси, на политички и економски план, освен во Движењето на неврзаните, може да одигра посебна улога во тој правец...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И бутовите ми беа малку растресени, а и образите почнале да ми свиснуваат - но никогаш не сум мислел за себе дека сум дебел.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овојпат интелигентно се противев - велејќи дека сакам да ослабам - но и тоа не наиде на голем успех поради тоа што ми беше речено дека сум кожа и коски и дека треба повеќе да јадам за да ме сакаат девојчињата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А кога вчера се шетав по улица, ме поздравија многу, многу луѓе, зборувајќи како програмата постигнала голем успех.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На крајот, другари, ви посакувам во името на Централниот комитет на Партијата, големи успеси во остварувањето на историската задача.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)