голем (прид.) - ум (имн.)

Еве ја причината поради која се трудам секој мој чекор во духовната сфера да биде поткрепен од голем ум.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Друг пат напомни ми, голем ум бадијала ќе ти дадам...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не прифаќајќи ги како такви, можеме да изгубиме големи умови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Беше очигледно дека беше фасцинирана од неговата комплексна личност, надарена со голем ум и добрина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јусуф беше човек со извонредно искуство, монументална култура, голем ум, но крајно природен, искрен, со постојани изливи на доверба.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Извлекуваше од своите историски книги, енциклопедии, на различни јазици аргументи од сите згаснати царства за големите умови кои го одржувале во историјата толерантното балканство како дел на европејството.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се наложија првин судбините на неприкосновените Картагинци какви што беа врховниот водач на Тунис Хабиб Бургиба, палестинскиот водач Јасер Арафат, потоа во Франција претседателите на републиката Франсоа Митеран, претседателот на францускиот парламент Филип Сеген, претседателот на Република Франција Жак Ширак, премиерите на Франција - Ален Жипе и Лионел Жоспен, португалскиот харизматичен претседател Марио Суареш, големите умови на нашето време - Едгар Морен, Морис Друон и други, крај чии животи епизодно ме доближи и мојата дипломатска мисија ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога на големиот ум ќе му стане тесно во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)