голем (прид.) - труд (имн.)

Тогаш лесно можеше да најде причини за заминување, со оглед на неговата неизвесна позиција во Судот, и покрај тоа што вложуваше голем труд во работата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За парите што ги доби од Татко, за преведените сиџили, колку и да мислеше дека се клети, препуштена на фаталистичката инерција на своите мисли, сепак, на крајот, заклучи дека се само ситни трошки за големиот труд на нејзиниот сопруг и реши да ги употреби за корисни нешта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Честопати, враќајќи ѝ на средбата со Ататурк, со сознанијата што ми ги носеа новите времиња, во мене се потврдуваше мислата дека секоја револуција, решавајќи го проблемот со забрзана промена на животот на луѓето, елиминира еден поредок за кој претходните генерации вложиле голем труд, големи маки и страдања...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Претпостаувам дека кога за првпат Дишан почна да ја следи Жариевата патека, тој не вложи голем труд да си ги скрие изворите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но голем труд дадовме. Па и ракија, па и пиво, на работниците...“ „Многу труд?“, се зачудив јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас велев дека попусто сме се мачеле, дека голем труд непотребно сме сториле, а тој се обидуваше да ме разведри.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И гледав недоверливо во неа, прилично навредена што не ме пофали за мојот голем труд и за резултатите од него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ем ја вршам нејзината, ем е незадоволна, па дури и ми префрла како да сум направила некој грешка – негодував во себе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Третата класа има премногу атрибути, поради кои не е потребен многу голем труд.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А ним во секое време ќе им биде вратата отворена, ќе си доаѓаат со мажите кога ќе сакаат кај него, дечињата ќе им трчаат по брегот, ќе берат овоштија, цвеќиња, ќе уживаат и ќе слушаат за својот дедо што сево ова го создал со голем труд и мака...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како и секогаш, тој и сега му ги понуди на везирот своите услуги и го моли да го удостои да го прими хронограмот што му го испраќа и што го составил со голем труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во последно време тој сѐ повеќе размислуваше над молбите и над списите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)