голем (прид.) - торба (имн.)

Мајка му се облекува, ја зема големата торба со која оди на пазар и излегува.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Држат по една рачка од голема торба.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Зад вратата, на местото каде што обично стоеше големата торба со која мајка му одеше да купува, немаше ништо.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Се враќаше со големата торба од телешка кожа полна со домашни задачи и ги прегледуваше навечер, на електричната светилка во кујната, седнат до топлиот шпорет.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кртот оди до големата торба.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Просто го сеќаваше на своите рамена тоа тупо, но толку благо лице, од чијшто поглед ниеднаш не престануваше да се точи знајната длабока, потсмешлива добрина, која немаше заедничко ни со двете големи торби под очите, ни со длабоко и несиметрично врежаните старечки долини околу устата, ниту пак со неговата тврдо скована брада, чиниш од под која веднаш се слеваше јакиот јунечки врат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)