Лиферантите пак идат и од нив слушаме дека Германците, на Пелистер, искачувале топ. Некој голем топ, како куќа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Прочуениот човек од гума Август Рицман ќе излета од грло на голем топ и ќе пробие три пламени обрачи. Сјајна, незаборавена точка.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Мојот крокодил личеше на вистински крокодил и не можеше да ја затвори големата уста, За да го стори тоа му пречеше големата гранка испречена помеѓу двете заблести вилици.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Да нацртам пушка или голем топ и да го убијам чудовиштето со триста и неколку заби.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)