Непрекинувана од други звуци, таа песна само уште повеќе ја потенцираше големата тишина и далечната осама, чувството на носталгија, на тага, од кое, ноќум, еве, не може да се одбрани ни еден градител како мене, ни еден копач на бунар, водач на маска, дури и кога големата идеја веќе се овенчува.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во една долга ноќ во голема тишина се симнавме во Демир Капија.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Сега ќе требе голема тишина од наша страна, да не не разберат оти сме на цуцката и да се соберат од сите страни, да го зголемат обрачот та да не можеме да го скинеме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Според мене и мојот мариовски ум требе ние да слезиме малку под цуцката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На морето завладеа голема тишина кога пријдовме до местото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се вчудовиде од големата тишина - немаше никакво пукање...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се чинеше дека, длабоко во ноќта, зборовите што си ги кажуваа како да беа обвиени во слоеви тишина, небаре и самите дел од големата тишина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)