голем (прид.) - тешкотија (имн.)

Перодршката беше архаичен инструмент, ретко употребуван дури и за потписи, а тој ја набави кришум и со големи тешкотии, само затоа што чувствуваше дека убавата бела хартија заслужува да биде испишана со вистинско перце, наместо да биде исчкртана со хемиско пенкало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со голема тешкотија започна да ја отвора вратата потисната од другата страна од нови паднати купишта книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уметничкото дело впрочем (како програм) значајно се прилагодува кон желбите на примателот; во рамките на виртуелната реалност примателот ги гледа (метафорично речено) само оние филмови, кои што ги сообликува (режира) самиот тој.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Споменатите инсталации (со логиката на виртуелните машини поврзани дела) без големи тешкотии го менувааат општествениот систем на уметноста како комплексни, нелинеарни, автореференцијални и автопоетични.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Завршувањето на студијата ми стана голема тешкотија“, ми пишуваше таа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Успеав, со големи тешкотии, да се пробијам низ снегот, да стигнам до нашата стара куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)