голем (прид.) - тело (имн.)

Студентот го размота завојот. Кожата не беше извалкана со измет, но раната ширум зјаеше врз големото тело.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Маргина“ (= Темплум) е паразит врз големото тело на Сорос- чудовиштето кое (питомо, неспретно, чудесновишно, промислено, обои по желба) чекори кон некаква си идеалистичка анаформоза од утопија, гибсоновски наречена дистопија или бодријаровски: скиомахија (борба со сенка).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На главата нонстоп носи шарен цилиндар од вештачко крзно, кој изгледа како препарирана мачка врз неговото големо тело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Можеби ќе ве изненади тоа што хаосот постои и во Сончевиот систем. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 85 Со модификациите коишто предвид ја земаат Ајнштајновата теорија на релативитетот, Њутновите закони се користат не само за проучување на хаотичните орбити на големите тела во Сончевиот систем туку и за оние електрички набиени субатомски честици во електричните и магнетски полиња на акцелераторите за честици.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Внимателно се измолкнува од постелата, го потсобира веленцето околу дечињата да не побегне топлината од нејзиното тело и оти во ќумбенцето нема ни спуза а ни потпала околу него, таа ова утро прва го прошетува своето големо тело до алето крај телот и до купот отпад од задната страна зградата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На денот на Голема Богородица, во средата вечерта во нивното дворче влезе големото тело на Чана, зад неа Дончо, а зад Дончо Митра, чиниш Митра е нивно дете.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Чана не седнува на столица, туку своето големо тело го спушта врз сламарникот на еден од креветите, ги продолжува зборовите на Пелагија, малку како на шега Ми как Пено ним да сваљкате ошче адночко оти било широчко! и гррр удира во смеа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ситната и топла песок што го прима неговото големо тело дозволува со саати да лежи врз неа додека од другата страна на реката сонцето полека се искачува по белото небо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не е поголема вистина тоа што, во физиката, големите тела потешко се придвижуваат од помалите и што нивниот momentum7 е пропорционален на таа тешкотија, од вистината дека, во метафизиката, умовите со поголеми можности макар што се посилни, постабилни и повлијателни во своето дејствување од умовите со понизок ранг – сепак потешко се сподвижуваат, збркани и полни со колебање во првите неколку чекори од своето придвижување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)