Таму го најде Перета, зачуден, и кога се сретна со него и му ги пренесе добиените директиви, овој длабоко воздивна и промрмори преку заби: — Ах, Петре, што направија, од дрво нога, од камен глава да си направат; го фрлија народот во оган без време!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Петре дочека да заврши конгресот со работата и со голема тежина на душата ги прими директивите за дејствување во неговиот реон.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стариот по ова се смири, му падна некоја голема тежина од душата, и тој ноќта спиеше лесно како ретко порано.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Жените прикажуваа оти кога ги полегнувал голема тежина осетуеле во постелите.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Жени прикажуеле оти вампир кога ги полегнуел голема тежина осетуеле, овој ништо! Глупав поглед!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Од голема тежина во стомакот, кога го родила, умрело.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Сиромашката умре од голема тежина кога ме роди…
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Тој куфер широк и долг, а на средина горе со кожна рачка закована со клинци, да не се искине од големата тежина...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со татко си не разговара. Само го сеќава како голема тежина неговиот бунт и здодевност и тага.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Етеризиран без лекарска интервенција. Зар еднаш си заспал без да знаеш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Постојат и такви денови: наеднаш ќе испливаш од големите тежини, или ќе помислиш дека си испливал, а всушност тоа е моментот кога клапнуваш а без да си свесен за положбата во која си се нашол.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Арл, 1993 Париз, 1997 г.), имав чувство дека сум слободен, ослободен од една голема тежина во себе, можеби тешка колку и големите бетонски статуи на Сталин и Енвер Хоџа кои се тркалаа во Тирана по падот на диктатурата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Голема тежина, голема тежина падна врз нас.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Како да му пријдам, кога не можам да излезам на крај со него? – прашуваше Еразмо, очигледно убеден во неможноста, зборовите на старецот да се обистинат, потскокнувајќи во место за да ја распореди рамномерно насекаде големата тежина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога мама ќе ме погледне со грижни очи, заџарени - чиниш сега ќе одрони солза, на срце ми легнува голема тежина.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Особено затоа што не ме караа, не ме казнуваа, туку со мене се однесуваа особено внимателно.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
По сето она што се случи, пред тато и мама се чувствував виновен.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Таа, со голема тежина во душата, уште еднаш се присеќаваше на мртвите од телеграмите- некролози кои не престануваше да ги добива, се пресели во времето на својот татко, кого не го виде уште од времето на свршувачката, се сети на својата родна мајка, која не ја виде никогаш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
По предвременото враќање од својата родна земја, Мајка понесе уште една голема тежина во душата од која не можеше да се ослободи до крајот од својот живот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)