Одеше, така, безволно во Архивот, колку да не биде засекогаш прекинат контактот со сиџилите, особено во времето кога насетуваше дека лесно ги открива нивните клучеви и кога се наоѓаше пред откривањето на големите тајни на балканската историја.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И сите тие заедно низ себеси ја проповедаат големата тајна за чистата твар на зборот, за блажената вода и за ужасната топка на мракот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тоа овозможуваше да си ги кажуваат големите тајни во нивните животи, што никогаш не го чинеа кон некој трет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, Рада, која и самата почна да верува дека времето брише сѐ, приказната за својата голема тајна не ја ни отвори.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Една од големите тајни која ја криеше како змијата нозете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со тивка, ненаметлива упорност, во залезните години на животот, сакаше да нѐ доближи до својата некогашна одисеја и големите тајни на животот, но тоа го чинеше со многу такт за да не влијае на однесувањето и постапките на своите блиски, потомците.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Замириса големата тајна на општото прашање - зошто уметниците пијат, полигамичат и се стимулираат, криејќи го самите од себе сознанието за преданост кон садистичкиот мазохизам кој отсекогаш ветувал побрз пробив во општеството.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
И како да беше слезен од оние плакати на кои млад црнец, кадрав, со бели заби и ситни насмеани очи, открива голема тајна - „Себура е највкусното кафе на светот“.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Со многу малечки и големи тајни. Треба само да посакаш, па да ги откриеш.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Навистина е голема тајна и голем копнеж да размислуваш за Соња.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Откако повеќе немаше каде со чекорењето низ куќи, сега наполно сигурен дека Чанга со козите се крие во утробата на тврдината, тој нè собра нас, сите свои синови, да ни ја довери сопствената голема тајна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)