Јас секогаш ќе го почитувам покривот каде Кузман го родила Неда и каде што таа поднесува голема тага.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Најпосле победи патриотизмот и тој со голема тага на душата испушти една воздишка и рече: „Добро.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Води ме кај твојот војвода да му се предада", — и му ја подаде големата рака на Шаќира.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Но, длабоко во овие гради остана скриена голема тага и каде и да одам копнеам по едни очи многу топли, копнеам како никогаш порано.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- По големата тага ќе го сретнеш на истиот човек на истото место.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Го закопа кучето со голема тага.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
IV. - Се сеќаваш на Колин Костело? Малата Колин Костело, која се отру со барбитурат, од голема тага како изјави нејзината мајка, поради смртта на обожуваниот Џон.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Голема, голема тага!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ќе ми пишеш веднаш штом стигнеш? – одвај проговорив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Да се направи да се запознае едно такво дело, можеби е рискантен зафат, зашто вие сметате дека треба да биде прекинат, но јас би сакала многу силно да ви се заблагодарам што вие започнавте да го објавувате ова дело.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но тој, потоа со голема тага ми пишуваше дека овие проекти биле напуштени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко и и мајка и умреле од голема тага.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
„Ако ја продал ливадата и тополите дедо има голема причина... и голема тага... поголема од мојата“, рече Влатко, ја фати подадената рака и со Јана зачекори до брегот на реката, надојдена од пролетните води, надојдена и матна...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во срцето чувствуваше голема тага.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Главно зборуваше за својата голема тага, за тоа како ја будат среде сон гласовите на несреќата; го проколнуваше оној „кој му ја фрли смртта в прегратка“; но како што минуваше времето не забораваше да забележи дека нејзин Ролан таму горе сигурно е задоволен бидејќи на неговата могила секој ден осамнува свежо цвеќе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не забораваше исто така да напомене дека голем бил бројот на оние што го почитуваат.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Го слушавме ние, помалите деца, завршувањето на историјата за нашиот семеен чун со солзи на очите и голема тага во душите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ние, со голема тага во душите, со некакво чувство на вина од која никогаш не можевме да се ослободиме, ја молевме, но никогаш не успеавме да ја домолиме, да дојде со нас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Најстариот брат, со голема тага во душата, ја слушаше тажната исповед на Мајка за границата која, сите ние, не престанувавме, со по еден нејзин дел, да ја носиме во нашите души.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со голема тага во душата, малата Ервехе го напуштила училиштето на солунските лазаристи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)