Како ќе дојдат луѓето од селото во тој голем студ да ме кренат со ковчегот и да ме однесат на гробишта...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Еве и треска почна да ме тресе од нетрпение. (прави како при голем студ). Ууу!...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Така беше... а тој ден беше претпоследниот ден на ноевмри и утредента падна снег и фати голем студ...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Горе бучат и вијат буките. Од големиот студ - трештат и пукаат стеблата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Што е, сред овој ветар што завива и овој голем студ, што сакаш?
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)