Имале големо стадо.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Дојде до вистински масакр на козите. Големото стадо на легендарниот козар Чанга, инспираторот на козјата антиреволуција, едноставно исчезна во засолништето од бомбардирањата, во утробата на блискиот рид на која се извишуваше тврдината.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Најпосле го праша Бошка: - Знаеш ли чии се големите стада што пасат на Грива?
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Не можеше да се најде ниту козле, според комисиските наоди сите беа одземени, убиени при поранешните упади и претреси, преостанатите беа слеани во големото стадо на Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во големо стадо, како еден , со исти движења на нозете, на исти начин разлеани долги опашки, го сечеа воздухот како стрели, без при тоа да создаваат прав, зашто трчаа по меките тревници.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)