Знаев, длабоко во себе чувствував дека е човек со големо срце, во многу моменти го покажа тоа, сакаше да дава, сакаше да направи за некого нешто, но истовремено многу уживаше во пороци, во работи кои прво треба да се заслужат, во пари кои прво треба да се заработат.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Колку добри, колку чисти големи срца!
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Се појавува еден човек, едно големо срце.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Врз неговото големо срце, без одбројување на времето во себе, лежеше парче поцрнета оревовина со пукнатина без какво и да е значење.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не се споулавуваше, само веруваше дека има чудотворна икона низ која може да се види утрешнината, и на се што е зло во таа утрешнина да му се ископа длабок гроб. тоа му го кажуваше неговото големо срце.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Песната ја возбудуваше планетата. Од длабочината на рудникот се слушаше отчукување на големото срце на земјата.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Најмудрите во мудроста велат: овој живот не е карамела.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во Свети Наум едно големо срце заклучено во каменот на метафората.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Ги пуштаат ко бубачиња преку лицето свое. „Ах, Антонио Варгас Серевија со големото срце...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не бев начисто со што се заслужува една ваква читателка со голема душа и големо срце, која ретко, многу ретко се појавува во животот на еден писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но таму сретнав луѓе со големо срце, кои нема никогаш да ги заборавам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ветив да присуствувам на средбата со моите читатели во Шапоно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Ова верување беше во суштината на моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Едра пријателка имаш, мила на тетка! проговорува мајката Перса и побрзува Мислам дека има и големо срце!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- Имаше големо срце.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Да, тој мал човек имаше големо срце, широко срце отворено за сите што сакаат да побараат добрина во него... ***
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сите што поминале низ портата над која пишува дека Сиена ви го отвора своето големо срце знаат, сите без исклучок знаат, дека да одиш од град во град низ Тоскана е како да облекуваш различни костуми од еден ист кројач.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Или тие служат само за украс, колку да ги нервираат умрените кошарџии, бојаџии и комарџии – живо сведоштво за тоа дека сепак имало минато без сегашност и дека ќе има сегашност без иднина.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Притоа, во опојниот мирис на заветот, во разгранетото стебло на животот, каде чувството на убавото се негува, а мрачната мисла во сенка тони во бездната на очајот – се запрашува колку е голема срцето што секому по нешто подарило?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сакам да ти подадам грст среќа да се мултиплицира во твоето големо срце. Безнадежно...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Колку е големо срцето што, секому по нешто подарило?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Богатството го делеше со сите! Тој имаше големо срце, несебичноста негова им дозволи на сите да уживаат во богатство заедно со него!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
А имаше сешто во нејзиниот дом, кога имаше во нејзиното големо срце.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во тебе имав голема доверба, ти имаше големо срце кое беше срце и на семејството.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)